Дома Македонски спорт Мак фудбал Судиска анализа: Во ПМФЛ оштетен само Гостивар

Судиска анализа: Во ПМФЛ оштетен само Гостивар

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 21 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

 На натпреварот Фк.Шкендија-Фк.Вардар одигран на 03.03.2024 година, анализирани се ситуациите од 23 и 77 минута.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


“Главенсудија: Стојанче Трпчевски. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Драган Трпчевски.

23 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка во 16-сетникот на гостинската екипа и упати шут кон голот на гостите, играч на гостите сакајки да ја изблокира топката направи лизгачки старт и топката го удри во рака која му беше високо подигната над глава и во неприродна положба.

Исправна одлука на главниот судија , досуден пенал за домашната екипа, поради недозволена игра со рака на гостински играч (рака високо подигната над глава).

 77 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен Црвен картон на гостински играч, за спречување очигледна шанса за гол, при резултат 3:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка и во налет пред 16-сетникот на гостинската екипа, играч на гостинската екипа на недозволен начин (влечење) направи недозволен старт и го спречи играчот во очигледна шанса за гол ( да излезе сам пред голман).

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа и доделен црвен картон за играчот на гостите, поради спречување очигледна шанса за гол (влечење противнички играч кој се наоѓа сам пред голман).

На натпреварот  Фк.Гостивар-Фк.Брера Пандев одигран на 03.03.2024 година, анализирана е ситуацијата од 6 минута.

“Главенсудија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Даниел Василевски и Петар Новачев.

6 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (При акција на домашната екипа топката не ја помина гол линијата,при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа упати удар кон голот на гостинската екипа, голманот кратко ја одби топката, до неа стигна друг ирач од екипата на домакините и постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што сигнализарше офсајд позиција, бидејки играчот на домашната екипа што постигна гол во моментот на шутот кон голот на гостите се наоѓаше во дозволена позиција (пред предпоследниот играч од одбраната на гостите). Голот беше регуларен и требаше да биде признаен.

На натпреварот Фк.Силекс -Фк.Струга Трим Лум одигран на 03.03.2024 година, анализирана е ситуацијата од 36 минута.

“Главенсудија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски.

36 минута:ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа,при резултат 0:0)

Играч  на гостите центрираше топка во 16-сетникот на домашната екипа, играч на домакините при центаршутот на недозволен начин влечеше противнички играч со двете раце, правејки прекршок и спречувајки го играчот да игра со топка.Главниот судија досудува пенал, но во моментот кога свири пенал, друг играч на гостите ја удира топката со глава и постигнува гол.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа и доделен жолт картон поради недозволен старт на домашен играч (влечење противнички играч со две раце), меѓутоа главниот судија во оваа ситуација требаше и мораше да менаџира подобро (да не брза со досудување пенал), односно да сочека исход од акцијата, па потоа да досуди пенал.

На останатите натпревари од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

             Судиска анализа за 18 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 18коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

 На натпреварот  Фк. Башкими – Фк.Осогово одигран на 02.03.2024 година, анализирана е ситуацијата од 67 минута.

“Главенсудија: Димитар Левески. Помошни судии: Горан Балески и Јован Анѓелкоски.

67 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА  (За погрешно досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)

Играч на домакините беше во посед на топка странично во 16-сетникот на гостинската екипа,во моментот кога сакаше да помине играч од гостите нагази на ногата (зглобот) на противничкиот играч и падна.

 Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа, во оваа ситуација требаше да се досуди слободен удар за екипата на гостите, бидејки играчот на домакините нагази на ногата (зглобот) на противникот, немаше прекршок од страна на гостинскиот играч.

На натпреварот  Фк.Тетекс-Фк.Беласица одигран на 02.03.2024 година, анализирана е ситуацијата од 23 минута.

“Главенсудија“: Александар Василевски. Помошни судии: Милан Петров и Горан Милошевски.

23 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За сигнализирано офсајд позиција на домашен играч и спречување очигледна шанса за гол, , при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа додаде топка до свој соиграч кој во момент на додавање се наоѓаше пред предпоследниот играч од гостинската екипа, играчот ја прими топката и излезе сам пред голманот на гостите  во нивниот 16-сетник.

Погрешна одлука на вториот помошен  судија што сигнализираше офсајд позиција на играчот на домакините, бидејки играчот во момент на додавање на топката од соиграчот се наоѓаше во дозволена позиција (пред предпослединот играч од одбраната на гостите) и во очигледна шанса за гол (сам пред голман).

 На натпреварот  Фк.Арсими – Фк.Детонит одигран на 02.03.2024 година, анализирани се ситуациите од 16, 58 и 90+2 минута.

“Главенсудија: Дејан Младеновски. Помошни судии: Филип Ицковски и Александар Николовски.

16 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Задосудено офсајд позиција на гостински играч, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч кој при додавањето се наоѓаше во очигледна недозволена офсајд позиција (позади предпоследниот играч од одбраната на домакините), истиот играч ја додаде топката до друг соиграч кој постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија за сигнализирано офсајд позиција на гостински играч, бидејки при додавањето на топката од својот соиграч, играчот на гостите се наоѓаше во очигледна недозволена офсајд позиција (позади предпоследниот играч од одбраната на домакините).

 58 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1 )

Играч на домашната екипа беше во посед на топка  во 16-сетникот на гостинската екипа, околу него се наоѓа повеке играчи од гостинската екипа, еден од играчите на гостите сакајки да ја избие топката направи недозволен лизгачки старт на ногата на домашниот играч, притоа без да игра со топката.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домакините поради недозволен старт на нога на играч на гостите над противнички играч.

Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен, близу настанот и имаше јасна прегледност.

90+2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досудено слободен удар (игра со рака) на гостински играч и поништен гол за гостинската екипа, при резултат 2:1)

Центрирана топка од корнае за екипата на гостите, топката дојде до играч на гостинската екипа, истиот ја шутна топката кон голот на домакините, топката беше изблокирана од играч на домакините, но топката пак се одби до играчот на гостите кој ја прими топката со тело (стомак) и потоа го удри во раката по што упати удар кон голот и постигна гол.

Исправна проценка на главниот судија,голот е поништен и досуден слободен удар за домашната екипа, бидејки пред постигнување на голот, играчот што го дава голот игра со рака.

На овој натпревар судиска организација не е задоволна од менаџирањето на  главниот судија, поточно од неговото движење и досудување некои слободни удари за обете екипи кои не влијаеа на резултатот но беа донесени од голема дистанца.

 На натпреварот  Фк.ОхридФк.Победа одигран на 02.03.2024 година, анализирана е ситуацијата од 1 минута.

“Главенсудија“: Христијан Божиновски. Помошни судии: Осман Зекири и Филип Николов.

1 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0 )

Играч на домакините по земја центрираше топка во 16-сетник на гостинска екипа, играч на гостите минимално ја удри топката и на неа тргнаа противнички играч и голманот на гостинската екипа, прв до топката стигна играчот на домакините, ја удри топката и потоа голманот по инерција направи недозволен старт над играчот (на ногата) притоа без да игра со топката и направи прекршок.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи игратра да продолжи, во оваа ситуација требаше да додуси пенал за домашната екипа, поради недозволен старт (на нога) на голманот на гостинската екипа над противнички играч.

Судијата во оваа ситуација беше одлично поставен и близу ситуацијата,меѓутоа донесе погрешна одлука.

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…