Дома Македонски спорт Мак фудбал Судиска анализа: Брера оштетена за чист гол!

Судиска анализа: Брера оштетена за чист гол!

Денес беше објавена редовната Судиска анализа за натпреварите од Првата македонска лига.

Најголемиот пропуст бил на натпреварот помеѓу АП Брера и Силекс во Струмица. На оваа средба арбитрите поништиле регуларен гол за победа на струмичкиот тим во 83. минута при резултат 1:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Судиите на натпреварот досудиле офсајд иако се било регуларно.

„На натпреварот  ФК Брера А.П – ФК Силекс одигран на 24.09.2023 година, анализирани се ситуациите од  58, 60 и 83 минута.

Главен судија: Јован Качевски; Помошни судии: Разме Бакрачески  и Климент Ристоски;

58. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (за досуден пенал за гостинската екипа)

Играч од домашната екипа додаде топка до својот голман кој се наоѓаше во својот голмански простор, голманот лошо ја прими топката, противнички играч му ја зема топката регуларно и во моментот кога сакаше да шутне кон празниот гол, голманот сакајќи да му ја избие топката направи недозволен старт со раце на ногата на играчот.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа и доделен жолт картон за голманот на домаќините поради недозволен старт со рацете на ногата на противничкиот играч и спречување очигледна шанса за гол“, стои во анализата.

Комплетната анализа можете да ја прочитате на официјалната страна на ФФМ – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…