Дома Фудбал Судиската организација на Италија му се извини на Милан 🎥

Судиската организација на Италија му се извини на Милан 🎥

Судиската организација во Италија му се извини на Милан за скандалот во вчерашниот натпревар со Специја.

Се играше финишот од натпреварот кога Милан постигна гол за 2:1, а судијата Марко Сера од Торино го поништи голот и покажа дека претходно имало фаул над Анте Ребиќ. Навистина ова беше шокантна одлука, посебно кога Специја во последните моменти постигна гол за 1:2 и така со победа го напушти „Сан Сиро“.

Главниот судија секако е суспендиран, но на Милан тоа не му значи многу затоа што изгуби важни бодови во битката за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем го продаде за 10 милиони, а сега повторно го следи – цената е седумпати повисока!

Вил Ланкшир блеска во Мидлсбро, кој според англиските медиуми бара 70 милиони фунти. Тотен…