Дома Фудбал Судиите ќе можат да доделат жолт картон ако некој играч прегласно вреска?

Судиите ќе можат да доделат жолт картон ако некој играч прегласно вреска?

„Дејли Мејл“ најавува дека судиите би можеле да добијат поголема моќ на натпреварите.

Според најавите на споменатиот медиум судиите ќе можат да доделат жолт картон акјо сметаат дека некој фудбалер лажно или прегласно вреска после некој дуел. Оваа најава дојде после натпреварот од минатото коло во Премиер лигата помеѓу Барнли и Арсенал.

Питерс стартуваше над Лаказет кој почна да се превитикува и да вреска како да станува збор за тешка повреда. Во иднина фудбалерите би можеле да се казнуваат за вакви случаи.

Секако кога се зборува на ваква тема прв кој паѓа на памет е Бразилецот, Нејмар.

СИТУАЦИЈАТА ОД НАТПРЕВАРОТ БАРНЛИ – АРСЕНАЛ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата Лига на нации носи пет ривали, но Македонија прво мора да го зачува рангот

Од 2028/29 Лигата на нации ќе има три ранга и поинаков распоред на противниците. За Македо…