Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез ова лето би можел да ја напушти Барселона.
Суарез во Барселона пристигна летото 2014 година од Ливерпул и стана еден од најдобрите играчи на овој тим. Меѓутоа после очајната сезона и дебаклот во Лигата на шампионите се очекува повеќе играчи да си заминат од „Ноу Камп“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Помеѓу нив според информациите треба да биде и Суарез. Претседателот Бартомеу пред неколку дена во интервју за клупската страна не го наброја Суарез помеѓу сигурните во Барселона.
„Сакам да останам во клубот, но ако мислат дека веќе не можам да помогнам тогаш спремен сум да разговараме. Сакам да придонесам за овој клуб колку што можакм повеќе. Чувствувам дека имам поддршка од навивачите од самото доаѓање и тоа е нешто што ми дава сила“.
„За она што се случи во Лисабон сите сме одговорни. Ако тренерот сака да ме замени, нема проблем. Претседателот зборува за многу имиња, но мене уште никој не ми кажал дека не смета на мене“, изјави Суарез.