Дома Топ вести Суарез убеден: Тој е вистинскиот фудбалер за Барселона

Суарез убеден: Тој е вистинскиот фудбалер за Барселона

suarez

Луис Суарез одлучи да и помонге на управата на управата на Барселона во обидите да го доведе неговиот поранешен соиграч на „Камп Ноу“.

Секако, станува збор за Фелипе Кутињо. Бразилецот во текот на летото инсистираше на трансфер во редовите на Барселона и поради тоа еден период беше надвор од тимот, но Ливерпул ги одбиваше понудите, па дури и онаа од 130 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонците во меѓувреме го доведоа Осман Дембеле за сум од 104 милиони евра од Борусија Дортмунд, но тој се повреди веќе на првиот натпревар.

„Добро го познавам Кутињо, одлични пријатели сме, тој е амбициозен фудбалер и знам дека би бил возбуден доколку премине во Барселона. На секој играч тешко би му паднало кога неговиот клуб нема да му дозволи да премине во клуб каков што е Барса, но Кутињо е професионалец“, зборуваше Саурез.

Уругваецот смета дека Кутињо ги поседува сите потребни квалитети да стане фудбалер на Барселона.

„Тој е одличен фудбалер, но и одлична личност. И покрај тоа што сакаше да го напушти Ливерпул продолжи да игра во вистински ритам. Сигурно дека би бил од огромно значење за Барселона, игравме заедно и знам дека е фантастичен фудбалер“, истакна Ургуваецот.

Суарез и Кутињо заедно настапуваа во период од 18 месеци во редовите на Ливерпул, а потоа Уругваецот направи трансфер во Барселона и освои се што можеше да се освои на клупска сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Генијалноста на Анчелоти која го одведе Реал до полуфиналето во ЛШ без два стартни стопери и двата први голмани

Карло Анчелоти, го предводеше својот клуб до полуфиналето на Лигата на шампионите и дуел п…