Лионел Меси синоќа повторно ги воодушеви љубителите на фудбалот со своите брилјантни потези против Еспањол.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ергентинскиот „волшебник“ уште еднаш ја покажа својата класа, па медиумите денес имаат само пофални зборови за неговата изведба.
Восхитен од потезите на Меси е и неговиот соиграч, Луис Саурез кој вели дека тоа што го прави Аргентинецот го има само на Плејштејшн.
„Подобро ќе беше Лео Меси со гол да го заврши одличниот потег наместо јас да постигнам погодок. Неговите движења се од Плејстејшн, тој е уникатен фудбалер”, изјави Суарез.
Меси на неверојатен начин нанижа дури четворица противнички фудбалери на мал простор, испрати шут, а одбиената топка во мрежата ја смести Луис Суарез.