Дома Фудбал Останато Суарез си ја отвори душата: Се надевам некогаш Куман ќе ми каже зошто ме исфрли

Суарез си ја отвори душата: Се надевам некогаш Куман ќе ми каже зошто ме исфрли

Луис Суарез оваа сезона го носи дресот на Национал во неговата татковина и се припрема за Мундијалот во Катар.

Уругваецот беше гостин на „Марка“ каде што зборуваше за бројни теми од неговат акариера. Зборуваше и за заминувањето од Барселона кое се случи поради Роналд Куман.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од почит би се ракувал со Роналд Куман доколку се сретнеме некаде. Сепак, се надевам дека овој човек ќе биде добар како кога играше во Барселона и дека конечно ќе ми ја каже вистината зошто ме исфрли од клубот, бидејќи знам дека причината не беше техничка или финансиска природа“, изјави Суарез.

Тој смета дека раководството на Барселона направило клучни потези летово, но не сакал да погодува што би се случило доколку истото се случувало пред една година.

„Мислам дека новото раководство направи потези со кои многу ја подобри ситуација. Гледам дека навивачите конечно имаат доверба во управата на клубот и гледам дека се способни и можат да ја свртат ситуацијата. Не знам дали Меси ќе останеше ако го направеа тоа минатото лето. Тоа се случи тогаш, ситуацијата се одвиваше така и никој не знае што ќе се случеше, во друг момент“, истакна Суарез и продолжи да го пофали клубот.

„Барселона е одлична. Донесоа големи засилувања, а има и млади играчи кои полека го стекнуваат потребното искуство. Мислам на Педри, Гави и Фати, кој конечно се опорави. Има и искусни играчи како Алба, Бускетс. Пике и Тер Штеген. Овој тим е подготвен да се бори на сите фронтови. Верувам дека Чави ќе ја врати Барса на своите корени. Всушност, мислам дека веќе го прави тоа. Тој е дете на клубот, знае што навивачите сака и што и треба на Барса“, вели Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…