Дома Фудбал Италија Суарез разговарал со Киелини за трансферот во Јувентус

Суарез разговарал со Киелини за трансферот во Јувентус

Луис Суарез имал разговор со Џорџо Киелини за неговиот евентуален трансфер во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот на Барселона сакал да ги разјасни односите со капитенот на „бјанконерите“ пред да се пресели во Торино.

Уругваецот го гризна Киелини за време на нивниот дуел на Мундијалот во 2014 година. После тоа Суарез доби суспензија од 4 месеци, па поради тоа напаѓачот имал потреба да ги разјасни односите со дефанзивецот.

Суарез е се поблиску до трансфер во Јувентус. Според медиумите тој веќе договорил 3-годишна соработка тешка 10 милиони евра по сезона и сега треба само да го раскине договорот со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Атлетико Мадрид презема (не)очекуван потег!

Атлетико Мадрид продолжува да биде една од главните теми на летниот трансфер период, а од …