Во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите, Атлетико Мадрид го совлада Милан со 2:1. Победничкиот гол за „јорганџиите“ го постигна Суарез во 97. минута.
Пред самиот крај на натпреварот ВАР досуди пенал за Атлетико, а одговорноста ја презема Суарез кој донесе радост за својот тим. Со овој гол Суарез влезе во историјата на Лигата на шампионите.
Lazar KeskinovСалах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, тој стана играчот со најдоцниот гол во еден регуларен дел во ова натпреварување. Треба да се спомене дека ова беше за Суарез прв гол на гостински терен во ЛШ уште од 2015 година. Така стави крај и на една црна низа.
Lazar KeskinovПосле две кола Атлетико има четири бода, два помалку од Сити кој е лидер, додека на третата и четвртата позиција се Порто и Милан.