Луис Суарез беше најзаслужен што вчера Барселона во Мадрид го победи Реал со 3:0 и така обезбеди место во финалето од шпанскиот куп.
Уругваецот во второто полувреме блесна на вистински начин и учествуваше во сите голови на својот тим. Суарез постигна ва гола, но беше најголем „виновник„ што Рафаел Варан си постигна автогол.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Но, посебна приказна е погодокот за 3:0 кој Суарез го постигна од пенал и тоа со паненка со што му го зададе конечниот удар на ривалот. После натпреварот Уругваецот одлучи да објасни зошто се одлучил да изведе паненка.
„Бевме свесни дека Реал ќе мора да тргне напред кога ќе постигнеме гол. Така добивме прилика за контра-напади. Со оглед на тоа каков играч сум, морам да живеам и со критиките и со пофалбите на моја сметка. Се одлучив за паненка во моментот кога Лео ми го препушти пеналот“, изјави Суарез.
Овие два клуба веќе во сабота ќе имаат нов натпревар овој пат во рамките од Ла Лига.
https://www.youtube.com/watch?v=1jGBJvRxjo8