Дома Фудбал Останато Суарез отворено за одлуката на Нејмар, гласините за трансфер во Реал и односот со Кавани…

Суарез отворено за одлуката на Нејмар, гласините за трансфер во Реал и односот со Кавани…

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез го прокоментира заминувањето на Нејмар од „Ноу Камп“, но можноста тој да направи трансфер во Реал Мадрид.

Нејмар одлуката да премине во ПСЖ ја донесе после многу размислување и советување со семејството. Му беше тешко да замине бидејќи тука беше среќен, но мораме да прифатиме дека му беше потребен нов предзивик во кариерата. Не сме лути на него, мораме да го почитуваме она што тој го направи за овој клуб“, изјави Саурез за „Марка“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потоа Суарез беше запрашан за можноста Нејмар да премине во големиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.

„Никако! Искрено, не можам да замислам да го облече дресот на Реал Мадрид. Знам колкава почит има кон Барселона и кон поранешните соиграчи, поради тоа не верувам дека би можел премине на „Сантијаго Бернабеу“, истакна Уруваецот.

Односнот на Едисон Кавани и Нејмар веќе некое време е на работ на ескалација, а се пишуваше и дека Суарез интервенирал во поправањето на односот помеѓу Бразилецот и неговиот сонаородник. Дали има вистина во тоа?

„Не. Воопшто не се мешав, тоа не беше ситуација со која сакав да имам било каква врска“, заврши Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Миовски може да сруши рекорд стар скоро половина век!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски игра одлично во дресот на Абердин и до крај…