Дома Фудбал Лига на шампиони Суарез објави фотографија од над „Енфилд“: Возбуден сум што те гледам повторно (ФОТО)

Суарез објави фотографија од над „Енфилд“: Возбуден сум што те гледам повторно (ФОТО)

suarez

Ливерпул и Барселона утре на „Енфилд“ ќе го играат реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Во првиот натпревар на „Ноу Камп“ Барселона славеше со 3:0. Првиот гол во тој натпревар го постигна Луис Суарез, додека останатите два беа дело на Лионел Меси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Токму стрелецот на првиот гол утре ќе се врати на „Енфилд“, на стадионот каде што помина три ипол фантастични години.

Луис Суарез во Ливерпул пристигна во 2011 година на полусезоната од Ајакс и за „црвените“ одигра 110 натпревари и постигна 69 погодоци.

Тој после долго време се враќа на „Енфилд“ и преку својот Инстаграм профил испрати порака до сите навивачите на Ливерпул.

Уругваецот од авионот го сликаше стадионот „Енфилд“ и напиша: Возбуден сум што те гледам повторно.

Треба да се спомене дека заедно со Суарез на „Енфилд“ се враќа и уште еден поранешен играч на овој тим, тоа е Фелипе Кутињо. Останува да се види каков дочек ќе им подготват навивачите на кои некогаш им беа миленици.

За Суарез веќе се најавува дека нема да биде добро пречекан, а причината е прославата на погодокот во првиот натпревар. Во медиумите се најавуваше дека навивачите на Ливерпул се разочарани од тоа што нивниот поранешен миленик одлучил да го слави голот постигнат против Ливерпул.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…