Луис Суарез е бесен на Барселона затоа што се чувствува исфрлен од клубот, за кој даде се, тврди новинарот Фабрицио Романо.
Поради ова, тој нема намера да им остави ниту цент од неговата огромна плата, што каталонците ќе му ја должат, доколку му биде раскинат договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој веќе се договори со Јувентус за неговите лични услови, а добивањето италијански пасош нема да биде проблем. Сега останува уште Суарез да се договори со Барса за раскинување на договорот.
Уругваецот има уште една година од договорот со Барселона, но новиот тренер Роналд Куман веќе го извести дека не влегува во неговите планови. Суарез зема годишна плата од 23,4 милиони евра и инсистира да му се исплати преостанатиот надоместок доколку биде раскинат договорот меѓу двете страни.
За да се избегне ова, клубот може да се договори со Јувентус за симболична сума за трансфер, како што беше случајот со Иван Ракитиќ, кој замина во Севиља.
Luis Suarez is furious with Barcelona and has told those around him that he feels he's literally been kicked out the door by a club he's given everything to. This is why he doesn't want to leave even a cent of his salary behind. [Fabrizio Romano]
— Juventus News – Juvefc.com (@juvefcdotcom) September 6, 2020