Дома Фудбал Суарез до Барселона: Купете нов напаѓач

Суарез до Барселона: Купете нов напаѓач

Луис Суарез оваа сезона добива критики од навивачите. Уругвајскиот напаѓач лошо ја започна сезона и неколку пати доби свирежи на „Камп Ноу“.

Пред четири години Суарез сезоната ја заврши со 59 голови и титулата најдобар голгетер во Европа. Оваа сезона 32 годишниот Уругваец постигна седум погодоци во првенството.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите му замеруваат што игра лошо во Лигата на шампионите каде што на последните 26 натпревари постигна само пет гола. На навивачите не им се допадна и што минатата година по испаѓањето од Ливерпул во Лигата на шампионите направи операција за да биде спремен за Копа Америка. Поради таа операција Суарез не играше во финалето од шпанскиот куп.

„Ако Барселона доведе нов напаѓач ќе чуствувам притисок. Кога размислувате за иднината на клубот, а јас сум и навивач на овој клуб најдобро е Барселона да купи уште еден напаѓач“, изјави Суарез кој во последните четири натпревари постигна три гола и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…