Дома Македонски спорт Мак фудбал Струга Трим Лум со висок пораз се прости од европската сцена 🎥

Струга Трим Лум со висок пораз се прости од европската сцена 🎥

Екипата на Струга го заврши настапот во квалификациите од Конференциската лига со денешниот пораз од Лиепаја со 1:4.

Уште во петата минута Лиепаја создаде одлична прилика за водство, меѓутоа мрежата Ѓурик во тој момент успеа да ја зачува својата мрежа. Резултатот беше отворен во 45. минута преку Укпа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само што започна второто полувреме гостите набрзина со двата гола на Додо го решија прашањето на победникот. Прво во 47. минута зголеми на 0:2, па две минути подоцна беше 0:3.

Скендери беше стрелецот за Струга во 57. минута и тоа беше гол на надеж, сепак само пет минути подоцна одново Лиепаја имаше 1:4, стрелаше Бирозкин.

Ќе потсетиме првиот натпревар на гости Струга го одигра 1:1.

Фото: ФК Струга Тим Лум

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …