Денес во македонската фудбалска јавност многу се зборуваше за наводното одбивање на Струга Трим Лум и Шкупи да се тестираат.
Прво Шкупи демантираше и порача дека тие сакаат да се тестираат, но тоа да биде во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, не во „Систина“. Со истото објаснување излегоа и од Струга.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Струга Трим Лум демантира дека не сака да направи тестови на Ковид-19. Нашиот клуб ги следи препораките на Фудбалската федерација на Македонија и на комисијата за заразни болести и како резултат на тоа ќе направи тестови само во државни институции, кои се признаени и прифатени како релевантни. Не треба беспотребно да се создава паника меѓу фудбалерите. Треба да бидеме внимателни, ама не и да создаваме паника“, објави Струга Трим Лум.