Од Струга никако не се помируваат со спорниот момент на натпреварот против Брегалница и голот кој го постигна Брегалница.
Денес на вчерашната реакција на Струга следуваше објаснување од Судиската комисија на ФФМ, а сега Струга повторно се огласи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во вчерашното соопштение, нашиот клуб со најголема искреност и почит кон Судиската комисија и професионалците кои работат во неа, побара објаснување за снимката од која во 24-та минута е констатирана регуларната позиција на целата ситуација.
За жал, од вашата фотоанализа објавена на официјалната веб-страница на Фудбалска Репрезентација на Македонија и во медиумите, такво нешто не може да се констатира.
Се надеваме дека ваквите ситуации ќе резултираат со подобрување на делењето на правдата од страна на судиите и на фудбалот во целина“