Дома Фудбал Англија Страшни информации: Сала патувал со тип на авион кој се урнал 160 пати!

Страшни информации: Сала патувал со тип на авион кој се урнал 160 пати!

Aргентинскиот напаѓач, Емилијано Сала кој за викендот стана најскапото засилување во историјата на Кардиф се уште се води како исчезнат.

Авионот со кој патуваше Сала, „Пајпер Малибу“ исчезна над Каналските острови. Шансите за чудо и добри вести се навистина мали, но целиот свет со мислите е со аргентинскиот напаѓач.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На почетокот информациите гласеа дека Сала патувал со авионот на Кардиф. Меѓутоа, тој патувал со изнајмен авион овој тип.

Сега се огласи и поранешниот пилот, Аластер Росеншејн кој откри дека овој тип на авиони се исклучително небезбедни.

Тој тврди дека ваквиот тип на авиони се урнале 160 пати, а 55 од нив имале фатален исход.

„Кога бев информиран колку авиони од овој тип се урнале останав запрепастен. Преголем е бројот. Од 2000 година наваму има 24 фатални несреќи од овој тип на авиони. Безбедноста со комерцијалните летови не може ниту да се споредува“, изјави Росенштајн.

Претседателот на Кардиф, Мехмет Далман му понудил на играчот да му резервира комерцијален лет, но Сала тоа го одбил.

„Разговаравме и го прашав дали сака да му резервирам комерцијален лет. Но тој ми кажа дека веќе има обезбедено превез. Не знам кој го резервирал летот. Единствено што можам да ви кажам е дека тоа не е Кардиф“, изјави Далман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…