Дома Видео Страшна сцена: Фудбалер беше удрен со нож од трибините 🎥

Страшна сцена: Фудбалер беше удрен со нож од трибините 🎥

Фудбалерот на колумбискиот Атлетико Национал, Пабло Цепелини доживеа непријатна сцена на мечот со Индепендиенте од Меделин, кога кон него беше фрлен нож од трибините.

Инцидентот се случи при удар од аголот на Цепелини. Од трибините, нож беше фрлен директно кон Уругваецот и заврши во неговата глава.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Помошникот судија, кој стоеше на само неколку метри, веднаш му пружи на Цепелини, при што натпреварот беше и прекинат неколку минути. За среќа, Цепелини избегнал посериозна повреда.

„Имам мала рана и крв, но немаше потреба од конци. Точно е дека вакви работи се случуваат во фудбалот и мораме да сме спремни. Работите кои се случуваат на теренот остануваат таму. Работата ја оставам на колумбиската фудбалска организација да ги пронајде одговорните за инцидентот“, изјави фудбалерот по натпреварот.

На крајот градското дерби заврши без победник 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Ѓоковиќ со убав гест израдува многу деца во Белград 🎥

Изминататите денови Новак Ѓоковиќ беше во својот Белград каде што освен што се подготрвува…