Дома Останати Кошарка НБА Страшен настап на Ембид – постигна 59 поени! 🎥

Страшен настап на Ембид – постигна 59 поени! 🎥

Жоел Ембид одигра неверојатен меч за Филаделфија против лидерот на Западот, екипата на Јута. Неговиот тим славеше со 105:98.

Камерунецот блескаше и постави рекорд на кариерата со 59 поени, ова е и петти најдобар личен ефект во историјата на Филаделфија. Повеќе од него имаат Ален Ајверсон (60) и Вилт Чембрлен на три пати (68, 65, 62). Но Ембид не беше само поентерски расположен, тој имаше уште 11 скока, осум асистенции и седум блокади, така беше блиску до кватрупл-дабл. Ваквиот настап на Ембид доаѓа само 24 часа откако постигна 42 поени против Атланта.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со неверојатниот меч на Ембид во сенка падна и Дариус Гарланд од Кливленд кој постигна 51 поен. Неговиот тим загуби од Минесота со 124:129. Иако Кливленд изгуби, сепак Гарланд стигна до личниот поентерски рекорд, на кој доаде уште шест асистенции.

Денвер на Никола Јокиќ славеше со 103:126, меѓутоа српскиот центар не одигра на своето препознатливо ниво и мечот го заврши со осум поени и 14 асистенции. Портер со 31 и Мареј со 23 беа најефикасните кај Денвер. Во редовите на Чикаго Лајван со 21 поен беше прв стрелец.

Лос Анџелес Лејкерс ја прекинаа серијата слаби игри со триумф на домашен терен над Бруклин од 116-103.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Њујорк – Оклахома 135-145, Кливленд – Минесота 124-129, Вашингтон – Мемфис 102-92, Филаделфија – Јута 105-98, Чикаго – Денвер 103-126, Сакраменто – Голден Стејт 122-115, ЛА Лејкерс – Бруклин 116-103.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…