Дома Фудбал Англија Страшен Арсенал во 2024 година!

Страшен Арсенал во 2024 година!

Фудбалерите на Арсенал го победија тимот на Брајтон на гостински терен и со тоа ја продолжија серијата фантастични резултати во 2024 година.

Многумина се сомневаа во тимот на Артета по двата последователни порази од Фулам и Вест Хем во последната недела од 2023 година, но потоа следеше целосно рестартирање.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Артета го одведе тимот на мини-подготовка во Дубаи, а по враќањето, и покрај тоа што беше елиминиран од Ливерпул во ФА Купот, следеше феноменална серија во Премиер лигата.

Во 2024 година, Арсенал забележа 10 победи и едно реми во 11 натпревари во Премиер лигата.

Дополнително, Арсенал постигна 33 гола, во просек по три по натпревар, а прими само четири.

Во превод, Арсенал освои 31 од можни 33 бода во 2024 година и со причина е во борба за титулата со Ливерпул и Манчестер Сити. Во овој момент се лидери на табелата, а таму ќе останат и после колото ако Ливерпул денес не го победи Манчестер Јунајтед,

На сето ова да додадеме дека Арсенал го елиминираше и Порто во Лигата на шампионите и дека му следи двомеч со Баерн на кого сезонава не му оди најдобро, па „топџиите“ ќе ја имаат улогата на фаворит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…