Шпанците сметаат дека не им е потребен, но се добива впечаток дека има вкус на „киселото грозје“. Италијанците го обожаваат затоа што Серија А доби поголемо медииумско внимание. Дали Јуве е во добивка?
Поминаа 100 дена од кога Роналдо е играч на Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И понатаму во фудбалскиот свет се водат дебати дали Јуве направи паметен потег. Во макретиншка смисла сигурно дека се во добивка, акциите пораснаа значително повеќе, но потоа следуваа обвинувањата од Мајорга кои малку и го намалија таквиот ефект.
Во Шпанија сметаат дека италијанскиот шампион направил голема грешка, а сега ќе ви пренесуваме пет основни причи „за“ и „против“ ангажманот на Португалецот.
Добри работи
-Јувентус доби многу повеќе навивачи и маркетиншки веќе го исплати, не поради продажбата на дресови како што тоа вообичаено се мисли, туку поради новите спонзорски договори кои следеа после неговото доаѓање. Роналдо има право на половина од тие приходи.
-Јуве покажува дека за разлика од Реал каде што сите играчи играа за Роналдо, овде постои многу поголем баланс и Португалецот е само еден член на тимот, но тој самиот секако е инспирација за останатите соиграчи.
-Има големо влијание на помладите, посебно на Бернардески кој игра одлично од кога Роналдо е во Торино и сигурно е еден од најдобрите италијански играчи во овој момент.
-Италијанскиот шампион го доведе Роналдо да прави разлика кога е најмногу потребно и што основа на клубот. Се забележа тоа против Наполи кога беше најдобар на теренот. Сигурно дека не е доведен да решава натпревари против Фросиноне и условно кажано помалите клубови.
-Неговата работна етика е токму она што Јувентус најмногу го цени и што е основа на клубот. Она што го слушаа за него се покажа како точно – прв доаѓа, последен си заминува. Таквиот негов однос секако е мотивација за сите останати.
Негативни работи
-Негативен публицитет кој го донесе со наводниот случај во Лас Вегас, акциите кои на почетокот скокнаа до небо сега изгубија нешто од вредноста.
-Големото вложување во постар играч, што значеше откажување од Игуаин со кого Јувентус би победувал.
-Роналдо немаше многу влијание на серијата од 10 победи, освен во неколку натпревари се покажа дека Серија А сепак е многу потешка за напаѓачите.
-Цените на картите забележаа висок скок, не само на домашен терен каде што беа зголемени за 30%, но сеедно Јувентус ги распродаде. На гостувањата клубот нема да има таква поддршка, пример во Милано каде што вообичаено гостуваат 10.000 фанови на Јувентус кога се игра против Милан и Интер сега нема да има ниту приближно толку. Картата за тие натпревари сега чини 75 евра, а не е ни многу поефтина за помалку атрактивните натпревари како против Киево, Парма и Удинезе.
– Проблемот на Роналдо со УЕФА поради наградата за најдобар играч и неговото непојавување на двете церемонии ( и на онаа на ФИФА) би можело да резултира со судењето на Јувентус во Европа. Дека ова не се само теории на завера покажа веројатно и неговото исклучување против Валенсија, а според некои тоа е само почеток.
Е, сега дали Јувентус е повеќе во добивка или во загуба оставаме на вас да процените.
https://www.youtube.com/watch?v=8ZSIfUZJXG4&t=24s