Дома Фудбал Стоперот на Сити убеден: Можеме да играме и телепатски

Стоперот на Сити убеден: Можеме да играме и телепатски

Минатата сезона освоија 100 бодови и така стигнаа до титулата после пауза од четири години.

На почетокот на оваа повторно имаат одлични резултати и добро го започнаа походот кон одбрана на круната. Покрај резултатите, избраниците на Пеп Гвардиола воодушевуваат и со начинот на кој играат.

Поради тоа имаат огромна самодоверба, а на таа тема зборуваше стоперот Џон Стоунс кој е убеден дека можат да играат и телепатски со затворени очи.

„Гвардиола посветува толку многу внимание на деталите и поради тоа секој од нас знае што треба да прави во дадениот момент. Можеме да играме и телепатски, затоа што знаеме каде се наоѓаат нашите соиграчи, можеме без гледање да ги пронајдеме“, потенцираше одличниот стопер.

Потоа тој ја прокоментира и можноста и оваа сезона да освојат троцифрен број на бодови.

„Тоа е големо достигнување. Самите си поставивме големи критериуми, рекордите постојат за да се срушат. Не е невозможно оваа сезона да бидеме подобри и поефикасни“, изјави Стоунс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…