Стојанче Стоилов на денешната прес-конференција пред натпреварот со Мотор потврди дека ситуацијата не е добра и дека никој ништо не знае за иднината на Вардар
„Во тешка ситуација сме, клучен играч си замина. Вардар со и без Криштопанс не е ист тим. Наше е да се бориме, но ќе видиме какви се силите, каква е главата…Ќе видиме што ќе се случи на теренот“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тешко е, никој не знае што ќе се случи, можеби ги играме последните натпревари тука. Проблемите се долго време, никој ништо не кажува. Никој не може ги обвини играчите што си заминаа. Ние сме европски шампион, а односот кон нас е смешен“.
„Многу работи има нејасни, никој не знае каква е иднината на клубот. Тие што останаа, мислам дека ќе останат до крај на сезоната. Во ваква ситуација и титулата во Македонија доаѓа во прашање“, изјави Стилов