Дома Топ вести Столе е далеку од Барселона: Рајо им бара на Каталонците – 50 милиони евра!?

Столе е далеку од Барселона: Рајо им бара на Каталонците – 50 милиони евра!?

Иако изгледаше дека работата е блиску да биде завршена, сепак не е така. Столе Димитриевски во овој момент е голман на Рајо Ваљекано и така веројатно ќе остане и по завршувањето на овој преоден рок.

Шпанскиот новинар Раул Гранадо од „Онде Серо“ објави дека откупната клазула за Димитриевски која ја поставил Рајо не е шест милиони евра туку – 50 милиони евра! Гранадо пишува дека Рајо нема намера да го продаде Димитриевски кој има договор до 2024 години, единствена опција тој да замине е некој клуб да ја плати откупната клазула.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сумата од 50 милиони евра која ја бара Рајо прави трансферот да биде невозможен. Барселона не само што сигурно нема да даде толку пари за голман кој би бил втора опција, туку има и финансиски проблеми, па прашање е дури и да сака дали може да ги плати. Неодамна едвај го регистрираа Феран Торес кој дојде од Манчстер Сити за 55 милиони евра.

Најава дека трансферот нема да се случи дојде и од Маркос де Висенте кој е дел од „Ел Чирингуито“, телевизијата која прва објави за интересот на Барселона за македонскиот голман. Неговите информации се слични како и на Гранадо. Тој пишува дека Рајо не сака да го продаде Димитриевски и сумата која ја бара е преголема.

Од Барселона пак не кријат дека сакаат да се ослободат од Нето кој во овој момент е втор голман за да го доведат Димитриевски, меѓутоа според последните информации и условите кои ги поставува Рајо прашање е дали постои шанса за реализација на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …