Дома Фудбал Столе Димитриевски херој на Бернабеу

Столе Димитриевски херој на Бернабеу

Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано вечерва останаа непоразени на „Сантијаго Бернабеу“ одигрувајќи 0:0 против Реал Мадрид кој влезе како голем фаворит на натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од најзаслужните за ова реми на Рајо е токму македонскиот голман кој имаше неколку одлични интервенции и остана несовладан, a по натпреварот ја доби и наградата за играч на натпреварот.

Најдобра веројатно беше онаа кога Ернесто Валверде влезе во зицер ситуација „еден на еден“.

Ова реми значи и дека Џирона ќе биде лидер во шпанското првенство по 12 кола.

Изненадувањето на сезоната во Шпанија до овој момент има 31 бод, Реал е на 29, додека Барселона е трета со 27 освоени бодови.

Димитриевски од друга страна со уште еден одличен натпревар, а беше избран и за играч на натпреварот. Рајо во минатото коло славеше против Лас Палмас со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уништен живот и крај на кариерата: Познатиот напаѓач е осуден на осум и пол години затвор!

Една фудбалска кариера заврши на брутален начин. Познатиот шпански напаѓач Рафа Мир денес …