Македонската репрезентација го запиша вториот пораз на ЕП, против Украина (2:1).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Голманот Столе Димитриевски одигра одличен меч, одбрани пенал, но жали што не дојдовме до позитивен резултат.
„Одигравме добар натпревар, во првото полувреме направиме неколку грешки, но во второто полувеме ја одигравме нашата најдобра игра. Одбранив пенал, но искрено не сум задоволен затоа што тоа не ни помогна да стигнеме до позитивен резултат“.
„На двата натпревари излеговме да се претставиме во најдобро светло, така ќе биде и протов Холандија. Одиме да одиграме најдобро што знаеме, ако можеме да победиме или да освоиме бод“, изјави Столе Димитриевски.
Фото: ФФМ