Дома Фудбал Столе Димитриевски играл на најсомнителниот натпревар кој е под истрага во Шпанија

Столе Димитриевски играл на најсомнителниот натпревар кој е под истрага во Шпанија

Борбата против корупцијата во фудбалот продолжува, а денес беше направена голема полициска акција во Шпанија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Утрово на пријава на првите луѓе од Примера беше покрената голема акција,а се однесува на местење натпревари во финишот на минатата сезона.

Приведени се неколку сегашни и бивши фудбалери од првата и втората лига под обвинение дека учествувале во местење натпревари за да придобијат финансиска корист.

Според податоците на полицијата, глава на целата криминална група е бившиот играч на Реал Мадрид, Раул Браво. Заедно со него биле Борха Фернандез од Ваљадолид, Карлос Аранда, Саму Дијаз од Гетафе и Ињиго Лопез од Депортиво.

Покрај играчите приведени се и првиот човек на Хуеска, Аугустин Лопез, како и шефот на медицинската служна на истиот клуб, а полицијата детално ги претресе канцелариите на Хуеска.

Истрагата за местени натпревари била отворена поради сомнителни облози на мечот помеѓу Хуеска и Настик во 41-то коло од минатата сезона во Секунда, натпревар на кој настапи и нашиот Столе Димитриевски, кој стоеше помеѓу стивите на Настик.

Настик победи со 0-1, бодови кои му беа многу важни во битката за опстанок а за Хуеска овој меч немаше никакво резултатска значење

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо испрати прва порака како тренер на Челси!

Чаби Алонсо е официјално новиот тренер на Челси, потврди лондонскиот клуб во саботата. Зош…