Дома Фудбал Останато Стоичков: Рикелме не успеа во Барса затоа што за тренер имаше идиот како Ван Гал

Стоичков: Рикелме не успеа во Барса затоа што за тренер имаше идиот како Ван Гал

Бугарската легенда Христо Стоичков отворено го критикуваше Луис Ван Гал и порача дека тој е главниот виновник што Хуан Роман Рикелме не успеал во Барселона.

Во Барса Рикелме дојде како големо засилување во еден период кога Реал Мадрид доминираше, но Аргентинецот не одигра многу и не го покажа својот талент како во другите клубови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стоичков отворено зборуваше дека за тоа виновник е Луис Ван Гал.

„Рикелме во Барселона не успеа затоа што за тренер имаше идиот како Ван Гал. Да, Ван Гал е тренер кој имаше успеси, меѓутоа поради неговите глупости некои играчи не покажаа се што знаат. Рикелме попрецизно не успеа поради размислувањето на Ван Гал како тој треба да игра. Тој сакаше од јаболко да направи грејпфрут“, изјави Стоичков.

Во Барса Рикелме дојде во 2002 година, а потоа направи трансфер во Виљареал каде што блескаше, следуваше враќање во Бока за која играше уште седум години, а кариерата ја заврши во Аргентинос јуниорс во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…