Златан Ибрахимовиќ продолжи да ја освојува Америка, со својот нов гол во последниот натпревар му донесе победа на Лос Анџелес Галакси на гостински терен против Чикаго (неговиот гол можете да го погледнете ТУКА).
После натпреварот пред камерите заедно седнаа легендарниот фудбалер Христо Стоичков, Бастијан Швајнштајгер кој го носи дресот на Чикаго и Ибрахимовиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Разговорот помеѓу четворката се водеше на шпански и англиски, а беше опуштен и пријателски.
Во еден момент Христо Стоичков го запраша Ибрахимовиќ дали ќе игра на Светското првенство.
„Златан, потребен си и на Шведска!“, се вклучи водителот.
„И сум потребен и не сум, зависи што сака да направи на Мундијалот“, одговори и Ибра и ги насмеа сите присутни.