Легендарниот играч на Барселона, Христо Стоичков жестоко го критикуваше Осман Дембеле кој вчера се огласи на друштвените мрежи за својот статус во клубот.
Пред Дембеле да се огласи спортскиот директор на Барселона, Матео Алемани изјави дека Французинот го одбил договорот и поради тоа ќе направат се за да го продадат до крајот на овој месец со цел да заработат од неговото заминување затоаш то договорот му истекува на крајот од сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега жестоки критики на сметка на Дембеле испрати Христо Стоичков.
„Ако веќе не сакаш да биде во Барселона немој да го валкаш тој грб. Соблечи го дресот и кажи: Господа, јас заминувам. Господине, Лапорта, отворете му ја вратата и пуштете го. Таквите луѓе не ја чувствуваат важноста на дресот кои го носат и не се потребни. Јас се потев во тој дрес и знам што е Барселона. Секоја чест на Чави што не го стави во составот за последниот натпревар“, изјави Стоичков.
Дембеле претходно се поврзуваше со неколку клубови, па останува да видиме што ќе се случува до крајот на овој месец кога и завршува преодниот рок.
🔵🔴 Hristo Stoichkov, a Dembélé: "Jamás entendiste lo que es el Barça. Si no quieres estar en Barcelona, por lo menos no manches el escudo. Muchas gracias por estar engañando a la gente haciendo creer que sabes jugar al fútbol. Te lo digo yo que jugué en esa posición" pic.twitter.com/ScUsg4S47F
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) January 21, 2022