Европскиот првак Вардар во недела го игра последниот натпревар од групната фаза во А групата на лигата на шампионите и во СЦ „Јане Сандански” гостува полски Висла Плоцк. За сигурен и директен пласман во четврт-финалето на лигата на шампионите ни треба најмалку реми против полскиот тим. Во таборот на „црвено-црните” се убедени дека со триумф ќе се заврши регуларниот дел од сезоната и ќе се прескокнат натпреварите од осмина-финалето и по петти пат Вардаци да бидат во Топ-8 во Европа.

Вардар ја има најдобрата одбрана досега во лигата на шампионите со 310 примени голови, и вкупна гол разлика од + 49. За Вардар претстои пролет во која треба да ги брани четирите освоени трофеи, овој во лигата на шампионите, во СЕХА лигата и во домашното првенство и Куп.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Факт е дека на натпреварите со Нант и со Загреб не одигравме како што знаеме и можеме. Сепак, тоа е нормално. Во спортот се случуваат и такви работи. Играме за прво место и ние мораме да бидеме мотивирани. Сè е во наши раце и се надевам дека ќе завршиме како што треба.
Подобро сега да има пад на формата отколку подоцна. На ЕП имаше голем дел од играчите на Вардар, а потоа имавме и три патувања. Уште не сме во потребниот ритам и не сме на она ниво на кое знаеме да бидеме. Ни треба време и да бидеме заедно и да тренираме и мислам дека формата ќе оди само нагоре – изјави Столе Стоилов на денешниот прес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…