Tимот на Вардар во следното коло од ракометната Лига на шампионите во СЦ „Јане Сандански“ ќе се сретне против Веспрем.
Вардарци во тешкиот натпревар против Веспрем влегуваат после големата победа над Рајн Некар Левен во Махајм (27:30).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Славевме против Рајн-Некар на гостински терен, меѓутоа тоа не мора да значи ништо. Веспрем е одличен тим и не очекува тешка пресметка“, изјави Стојанче Стоилов на конференцијата пред натпреварот.
Освен Стоилов пред медиумите зборуваше и тренерот Парондо.
„Веспрем е еден од најквалитетните тимови во Европа имаат голем потенцијал. Мораме максимално да се фокусираме и да одиграме на високо ниво во текот на целиот натпревар. Само така можеме да постигнеме позитивен резултат“, порача Парондо.