Maкедонските ракометари денес во 18:15 часот ќе играат клучен натпревар за пласман во следната фаза против Австрија.
Ние имавме прилика со победа против Чешка да обезбедиме пласман во следната фаза, меѓутоа тоа не се случи бидејќи Чесите беа подобри од нас и не победија, па сега ќе мораме до следната фаза по потешкиот пат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Стојанче Стоилов вели дека ова е натпревар во кој треба да се види кои сме и дека единствена предност на Австрија е што е домаќин на Европското првенство.
„Ова е натпревар да се биде или не, се зависи од нас. Ако победиме со два разлика ќе пренесеме и бодови, што е многу важно за нас. Ова е меч на кој ќе видиме кои сме и што сме. Треба да поправиме некои ситници од мечот со Чешка кој според мене воопшто не беше лош, но тие ситници го решаваат победникот на мечот. Се надевам дека ќе успееме да се корегираме и да ја израдуваме нацијата“, истака Стоилов.
„Освен тоа што се домаќини, друго ништо не ме плаши. Играат шутерски со тие двајца играчи, имаат и добри крила. Може да не им влезат шутевите, па тоа би било добро за нас. Знаеме против кого играме, ги знаеме нивните позитивни и негативни страни“, додаде македонскиот пикер.