Стојанче Стоилов е убеден дека ако сите ракометари го дадат својот максимум, Македонија може да ја победи Чешка и во отсуство на нашиот капитен Кире Лазаров.
„Знаеме што не очекува против Чешка, но знаевме и против Шпанија па видовме како испадна. Лошо влеговме во тој натпревар, моментот со Кире малку нè пресече, а потоа ни беше тешко да се вратиме“, изјави Стоилов пред вечерашниот натпревар со Чешка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кога игра Кире и кога не игра не е исто. Но, ако не игра тој, ќе се обидеме и без него. Имаме во репрезентацијата многу искусни играчи кои можат да го понесат тој товар и мислам дека имаме реални шанси за Чешка. Мечот со Чешка за нас е како финале, треба добро да се подготвиме, да го вратиме духот кој не красеше во првата рунда, да играме подобра одбрана, да се враќаме, да се бориме и тоа ни е шансата“.
„Мислам дека играта на Чешка малку е сменета од таа во квалификациите, сега играат поискусно, имаат поцврста одбрана. Последниот натпревар ги победивме убедливо, но тоа не е мерило, ова е друг натпревар, притисокот е поголем. Како што реков, можеме да ги победиме и без Кире, но за тоа треба да дадеме 200%, да одиграме грантина одбрана и да постигнуваме лесни голови“, заклучи Стоилов.