Македонската ракометна репрезентација со пораз од Данска и како 11-то пласирана го заврши Европското првенство во Хрватска.
Стојанче Стоилов е разочаран од кајниот исход и тврди дека Македонија на ова првенство требаше да направи многу повеќе.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Разочаран сум од себе, од нас, мораше да биде подобро од ова. Имавме одлична прва рунда како никогаш до сега. Знавме што не очекува, не ни е прв пат. Секое првенство памет за друго, до кога така. Летаат годините, утре-задутре нема да биде тука Кире Лазаров. Требаше ова првенство да биде тоа првенство. Бевме добри, имавме многу позитивни работи, само што таа мала разлика е голема разлика, меѓу полуфинале и другото. Пак останува тоа, памет за другпат, се надевам младите научија од ова искуство“, истакна Стоилов.