Дома Фудбал Италија Стигна суспензијата од Серија А: Пандев нема да игра за Џенова до крајот на оваа година

Стигна суспензијата од Серија А: Пандев нема да игра за Џенова до крајот на оваа година

Горан Пандев нема да настапува за Џенова до крајот на оваа календарска година.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Македонскиот фудбалер беше казнет со два натпревари суспензија поради црвениот картон против Лече. Пандев откако беше исклучен влезе во конфликт со судијата и поради место еден натпревар суспензија, Серија А го казни со два натпревари. Ова значи дека Пандев нема да настапи во 2019 година.

Пандев нема да може да помогне на својот тим во натпреварите со Сампдорија на 14. декември и на гостувањето кај неговиот поранешен тим, Интер на 21. декември.

Првиот натпревар на кој ќе има право за настап е на 5. јануари кога Џенова ќе игра против Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Спиеше во автомобил пред тренинг, а сега вреди 140 милиони евра

Поранешниот тренер на ѕвездата на Баерн, Михаел Олесе (24), сподели интересна приказна за …