Дома Останати Стигна потврда: СП во ракомет на МТВ!

Стигна потврда: СП во ракомет на МТВ!

И додека се уште сме во исчекување дали Македонија ќе игра на Светското првенство во Египет, стигна потврда за преносите од Мундијалот.

Имено, Македонската телевизија (МТВ) ги откупила правата за директни преноси од Светското првенство во Египет.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова го потврди уредникот на спортската редакција, Драган Николовски на својот Фејсбук профил.

Најголема надеж дека Македонија ќе настапи на СП е ситуацијата со репрезентацијата на Чешка. Оваа репрезентација имаше 10 позитивни случаи. Целата селекција сега е во карантин.

Ние како прва резерва ја чекаме својата шанса. Ако се случи Чешка да откаже ќе влеземе во група со Шведска, Египет и Чиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Познати полуфиналните парови за Ф4 во ракометната ЛШ

Европската ракометна федерација ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир во Лига…