Дома Топ вести Стигна потврда: Реал Мадрид го сака Мохамед Салах!

Стигна потврда: Реал Мадрид го сака Мохамед Салах!

salah

Крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах игра одлично по пристигнувањето на „Енфилд“, а поради таквите настапи го привлече и вниманието на Реал Мадрид.

Таа информација ја откри селекторот на Египет, Ектор Купер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Добив потврда дека Реал е заинтересиран за Салах. Но, според мене Салах игра во вистинскиот клуб“, изјави Купер при гостувањето во „Оn Sports TV“.

Салах минатото лето пристигна во Ливерпул за сума од 37 милиони фунти. На 21 натпревари за „црвените“ постигна 17 погодоци и запиша четири асистенции, а со 12 погодоци е најдобар стрелец во Премиер лигата.

Договорот на Салах со Ливерпул има важност до 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Агентот на еден од најбараните напаѓачи пристигна на „Олд Трафорд“

На дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ вчера се појави агентот на Бе…