Дома Фудбал Стигна потврда, познат освојувачот на „Златната топка“?

Стигна потврда, познат освојувачот на „Златната топка“?

Вечерва во Париз ќе се одржува церемонијата за доделување на „Златната топка“, а неколку часа пред почетокот познат е лауреатот.

Имено, директорот на „Скај Италија“, Алесандро Алчато и еден од најдобро информираните новинари во светот индиректно на Твитер потврди дека добитник на „Златната топка“ ќе биде Лионел Меси.

Ова за Меси ќе биде седма „Златна топка“. Аргентинецот минатата сезона немаше значителни резултати со Барселона, но ја освои Копа Америка со аргентинската репрезентација.

Најголема конкуренција на Меси му беа Роберт Левандовски и Карим Бензема, но како што стојат работите се чека само потврда и мали се шансите за изненадување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тетово загуби уште едно фудбалско име: почина Владимир Секуловски

Почина Владимир Секуловски, поранешен фудбалер на Вардар, Тетекс, Слога Југомагнат и Работ…