Дома Трансфер зона Стигна потврда: Изненадувачкиот трансфер на Балотели може да се реализира

Стигна потврда: Изненадувачкиот трансфер на Балотели може да се реализира

Вчера се појави веста за изненадувачкиот трансфер на Марио Балотели во бразилскиот гигант Флменго, а денес се огласи претседателот на клубот.

Дани Алвес потпиша за Сао Паоло, во Бразил стигна и Хуанфран, а се поизвесно е дека таму ќе се пресели и Марио Балотели. Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио лансираше вест за трансфер на поранешниот репрезентативец на Италија во редовите на Фламенго.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Утрово стигна и потврда од Бразил и тоа од претседателот на Фламенго, Рондолф Ландим.

Ландим изрази позитивно мислења за можноста Балотели да ја продолжи кариерата во нивните редови.

„Тој даде позитивен одговор за играњето кај нас, но тоа беше единствениот контакт кој го имавме. Засега разговаравме само за тоа“, изјави Ландим.

Балотели претходно се поврзуваше со враќање во Серија А во редовите на Бреша, меѓутоа овој клуб не можеше да ги исполни неговите финансиски барања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…