Дома Фудбал Англија Стигна потврдата: Имаат ли навивачите на Ливерпул причина за грижа?

Стигна потврдата: Имаат ли навивачите на Ливерпул причина за грижа?

Навивачите на Ливерпул веројатно добија потврда која не сакаа да ја слушнат.

Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Фелипе Кутињо ќе го пропушти и реванш натпреварот од плеј-офот за Лигата на шампионите против Хофенхајм.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилецот поради повреда на грбот ги пропушти сите натпревари од почетокот на сезоната и се шпекулираше дека причина за тоа е неговиот трансфер во Барселона, но во овој момент такво нешто е далеку од реално.

Отсуството на Кутињо беше очекувано и во овој натпревар иако како повод сеуште се наведува неговата желба да премине на „Ноу Камп“.

Сепак, секогаш добро известениот „Liverpool.Eho“ тврди дека навивачите немаат причина за грижа и дека и покрај отсуството Кутињо ќе се врати во тимот после репрезентативната пауза.

Покрај Кутињо, надвор од тимот сеуште се Адам Лалана и Натаниел Клајн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…