Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин брзо му одговори на Флорентино Перез кој повторно зборуваше за Суперлигата.
Перез е упорен во намерата и уште еднаш потенцираше дека идејата за Суперлига не е завршена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во тенисот, Надал и Федерер играа 40 пати во 15 години, Надал и Ѓоковиќ играа 59 пати во 16 години. Во фудбалот, со Ливерпул игравме само девет пати за 67 години, а со Челзи четири пати во историјата. Каква смисла има да се скрати возбудувањето кај навивачите?“, гласеше дел од изјавата на Перез.
Многу брзо стигна и одговорот од Чеферин.
„Многу зборуваме за нешто што не постои, за мене Суперлигата не постои. Видов што кажал Перез во неделата. Тоа значи дека идејата е да се погрижиме големите да не играат со малите клубови, бара да се промени целиот европски модел. За мене таа идеја не заслужува дополнителен коментар, во тој случај би имало преголема разлика помеѓу сиромашните и богатите, ќе нема баланс“, изјави Чеферин.
Инаку, Александар Чеферин како што стојат работите ќе добие нов мандат во УЕФА затоа што според најавите нема да има противкандидат на конгресот кој следи на 5. април.