Дома Фудбал Англија Стигна досадниот период за „Специјалниот“, па сега се сети на зборовите на Клоп

Стигна досадниот период за „Специјалниот“, па сега се сети на зборовите на Клоп

Жозе Мурињо е тој, кој по потреба секогаш знае да одоговори, особено на своите колеги.

Кога Ловерпул за 75 милиони фунти го купи стоперот, Вирџил Ван Дајк од Саутемптон, менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо веднаш се сети на изјавата на менаџерот на „Црвените“, Јирген Клоп.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тогаш Клоп истакна дека нема потреба да издвои силни милиони за еден играч, за него е лудо некој да издвои 100 милиони фунти за едно засилување, а сега и самиот се најде во таква ситуација.

„Да сум јас на ваше место, би го прашал Клоп за неговата изјава од пред една година“, истакна Мурињо па додаде:

„Кога ќе ги споредиме парите кои клубовите ги трошат сега, но не само оние пред 10 години, веќе е нспоредливо на пазарот од пред само три години. Сега Ван Дајк е најкапо платениот дефанзивец во историјата. Дали е тој подобар од Малдини, Бергамо, Фердинанд? Не можете тоа да го кажете, но таков е сега пазарот. На тебе е дали ќе платиш или не“, тврди Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…