Дома Фудбал Италија Стигна демант: Конте не добил повик ни од Реал ни од Милан!

Стигна демант: Конте не добил повик ни од Реал ни од Милан!

Антонио Конте е главна тема во сите спортски медиуми веќе подолго време бидејќи се поврзува со тренерските клупи на Милан и Реал Мадрид.

Се поглесни се шпекулациите дека Конте ќе седне на една од овие две клупи, особено поради фактот што Гатузо и Лопетеги се наоѓаат пред отказ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес во медиумите се појави вест дека Конте постигнал договор со Челзи за раскинување на договорот и дека е слободен да седне на кормилото на „Сантиаго Бернабеу“.

Меѓутоа, неговиот брат и агент Даниеле категорично негираше дека добил било каков повик од Реал Мадрид и Милан.

„Не постојат никакви контакти ни со Реал Мадрид, ниту со Милан, Антонио во моментов е на одмор во Египет и јас како негов агент не добив никаков повик“, изјави Даниеле.

„Исто така сакам да потенцирам дека Конте нема никакви обврски кон Челзи. Ние го чекаме исходот од нашата тужба, адвокатите работат на тоа“, додаде братот и агент на Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…