Maкедонскиот репрезентативец Стефан Спировски ќе им се приклучи на Мојсов и Тричковски во АЕК Ларнака и така ќе ја зголеми македонската колонија во овој тим.
За Спировски ова ќе биде ново искуство и ново првенство претходно освен во македонското настапуваше во Србија, Бугарија, Унгарија и Израел. Во септември минатата година тој пристигна во Тел Авив и клубот по неговото доѓање од долниот дел на табелата дојде до плеј-од. Сепак, Спировски неодамна спогодбено го раскина договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Спировски кариерата ја започна во Пелистер потоа играше во Борац Чачак, Работнички, бугарскиот Берое, а репрезентативец на Македонија стана во дресот на Вардар. Следуваа два годин иво Френцварош во Унгарија. За Тел Авив иако одигра една сезона остави одличен впечаток.