Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски во вчерашниот натпревар помеѓу неговиот Спортинг и Атлетико Мадрид забележа победа од 1:0, но недоволна за пласман во полуфиналето од Лигата на Европа (во првиот натпревар загубија 2:0).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој натпревар за Ристовски кој беше во стартиот на португалскиот претставник сигурно беше посебени бидејќи против себе го имаше својот идол од детството – Фернандо Торес.
На Фејсбук страната на Ристовски се појави слика на која се наоѓаат тој и Торес пред 10 години кога тој како негов фан успеал да стигне до фотографија со и тогаш прославениот напаѓач со кобинацијата на слика еден од нивните вчерашни дуели.
Покрај сликата стоеше и опис: „Пред десет години и вчера со својот идол“