Дома Македонски спорт Мак фудбал Стефан Грбовиќ е десеттото засилување на Победа

Стефан Грбовиќ е десеттото засилување на Победа

Победа го ангажираше и десеттото засилување во зимскиот преоден рок, кој завршува на 11-ти февруари. Нов член на црвено-белите е долгогодишниот член на белградските црно-бели Стефан Грбовиќ.

Станува збор за млад 23-годишен дефанзивец кој настапува на позицијата десен бек и штопер а кој во Прилеп доаѓа од српскиот прволигаш Телеоптик.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тоа е клуб кој е филијала на белградски Партизан каде црно белите ги праќаат на калење сите свои талентирани фудбалери. Грбовиќ, кој е роден во Крагуевац, од 10-годишна возраст е член на Партизан, каде ги минал сите селекции на црно-белите а има повеќе настапи за младите селекции на Србија.

Со неговиот ангажман се очекува тренерот Бубања да добие квалитет повеќе на десната дефанзивна странична линија и на цврстина и сигурност во одбранбената формација на Победа. Грбовиќ утре ќе го има свфојот прв тренинг со соиграчите-од 11 часот на теренот на Могила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…