Дома Фудбал Стефано Пиоли нов тренер на Фиорентина

Стефано Пиоли нов тренер на Фиорентина

Екс тренесот на Интер, Стефано Пиоли е именуван за нов тренер на Фиорентина, потврди денес клубот од Фиренца.

Пиоли неодамна беше отпуштен од Интер, поради серијата на лоши резултати, но веднаш најде нов ангман, во тимот каде како играч помина цели шест сезони.

На клупата на „виолетовите“ тој го наследи Португалецот Паоло Соуза, а со Фиорентина договори соработка до 2019 година.

Стефано Пиоли покрај во Интер, во кариерата работеше и во Лацио, Болоња, Киево, Сасуоло, Пјаченца, Гросето, Парма, Модена и Салернитана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Поранешниот ас на Тотенхем загуби во видеоигра и мораше да го облече дресот на големиот ри…